Во рамки на циклусот промоција на хуманоста преку уметноста  во просториите на Црвен Крст Охрид се  одржа работилница на тема „,Мајка и дете“,  предводена од уметникот Мајкл Клос  – Канаѓанец со македонско потекло  кој неодамна имаше  самостојна изложба во нашиот град. На работилницата младите волонтери на Црвениот крст се запознаа со тајните на боите и начините на сликање преку кои, како што им кажа и самиот уметник, треба да ја почувствуваат слободата на изразувањето.  Делата кои беа изработени денеска ќе бидат изложени во паркот пред споменикот на А. Ден Долард (пред хотелот Милениум Палас).


Мајкл Клос им ја пренесе магијата на уметноста на младите охриѓани

OhridNews