Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан кој има 50 години се оженил со својата 35-годишна девојка Ивет Прието во црква во Палм Бич на Флорида, истата онаа во која Доналд Трамп се оженил со Мелани Кнаус. НА венќавката сведочеле околу 500 гости, а Мајкл најголема поддршка имал од својата мајка, своите синови, семејството и пријателите. Папраците не успеале да ги уловат младоженците, но затоа имало многу познати гости.

На церемонијата присуствувале поранешните кошаркари Скоти Пипен и Патрик Јуинг. по церемонијата во црквата гостите уживале во вилата на Мајкл каде била одржана свечена вечера, а за ништо да не се појави во јавноста пред венчавката се погрижил самиот Мајкл. Имено, вработените морале да потпишат договор поради кој не смееле на нокого да му зборуваат за она што го прават.