Најголемата кошаркарска ѕвезда на сите времиња, Мајкл Џордан ја продава својата луксузна вила на Хајленд Парк за 29 милиони долари. Вилата во предградието на Чикаго е на два ката и содржи девет спални соби и 15 тоалети. Во неа, за оние романтичните, се наоѓаат и пет камини.
Плацот опкружен со 40 видови дрва, на кој се наоѓаат тениски терени, три базени, затворен кошаркарски комплекс, три климатизирани гаражи и куќа со девет спални, три гостински соби и 15 тоалети е сместен на брегот на езерото Мичиген. Вилата е изградена помеѓу 1993 и 1995 година. Секој викенд покрај имотот минуваат 1500 до 2000 автомобили, односно посетители кои сакаат да видат каде живее популарниот Мајкл Џордан.