Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан има вонбрачен син со жена со која бил во врска во 1995 година, пренесуваат американските медиуми. Имено, Памела Смит тврди дека „Летечкиот Мајкл“ е син на нејзиниот син Грант Рејнолдс кој има 16 години, а случајот на утврдување на татковството се нашол пред суд.

Медиумите во САД се убедени дека мајката се одлучила на овој потег не поради пари, туку исклучиво поради слава, бидејќи нејзиното семејство финансиски котирало многу добро. Џордан и Памела биле во врска во 1995 година, во периодот кога Мајкл Џордан бил во брак со Хуанита Вано, со која има два сина и ќерка. Тие се развеле во 2006 година, а од 2011 поранешниот кошаркар е верен со кубанскиот фотомодел Ивет Прието.