Некогашниот крал на поп музиката, Мајкл Џексон, тешко е болен. Познатиот новинар Иан Халперин открива дека познатиот музичар дури и се бори за живот.
Тој веќе со години боледува од тешка болест на белите дробови. Во последно време, состојбата станала сериозна и потребна му е трансплантација. Исто така, боледува од емфизема и хроничо гастроинтестинално крварење. Животот му е навистина во опасност – тврди овој новинар и додава дека пејачот го изгубил видот за 95% на едното око, како и дека едвај зборува.
Потврда за оваа информација стигнала и од братот на Мајкл, Џермен, кој изјавил дека состојбата е сериозна.
– Вистината е дека Мајкл не се чувствува добро во последно време-рекол братот на пејачот.