Во две години направил дванаесет операции, рекол лекарот Волас Голдштаин кој во деведесеттите години работел во ординацијата во која Мајкл одел на интервенции. Вели дека неколку пати го оперирал носот, ставал имплатанти во образите и дека направил дупче на брадата.
Неговите деца Парис, Принц и Бланкет сега живеат со бабата Катерина. Таа добила привремено старателство над нив. Мајката на двете најстари деца ќе се бори за старателството бидејќи не сака децата да растат со лошиот дедо, Џо Џексон кој уште од сега тврди дека неговите внуци ќе станат мега звезди.