Најголемиот дел од парите на покојниот Мајкл Џексон добиени се со прикажување на документарниот филм “This Is It“. Дел од парите се уплатени на неговите синови Принц Мајкл (12), Принц Мајкл II (9) и ќерката Парис (12).
Во моментот на смртта бил должен повеќе од 300 милиони евра. Дел од тој долг сега е отплатен. Имено, луѓето кои се задолжени за управување со неговиот имот по смртта подмириле дел од тој долг.