Мајкл Џексон планира да одржи серија концерти во лондонската О2 Арена кон крајот на годинава. Веста најпрво ја објави Sky News  кој наведува дека првите датуми ќе бидат објавени на 5 март на прес-конференција. Останатите датуми ќе бидат додадени зависно од желбите на фановите и останатите заинтересирани.


Можно е, на конференцијата да присуствува и самиот Џексон и информацијата за концертите сам да  ја претстави пред новинарите. Концертите кои Џексон ќе ги одржи во О2 Арената најверојатно ќе бидат единствените во 2009 година.

Оваа вест сигурно ќе ги израдува фановите на кралот на поп музиката бидејќи сепак ќе дојде и покрај сите написи за неговата лоша здравствена состојба. Мајкл, на извесен начин упатува на тоа дека неговото здравје е во ред.