Трагично починатиот крал на попот во една прилика бил толку дрогиран, што им наредил на телохранителите да го застрелаат неговиот брат Ренди. Повеќе не можел да ги слуша наговарањата повторно да му се придружи на музичкиот состав „Џексон 5“.
Неговиот поранешен телохранител Мет Фидс рекол дека своевремено им забранил на браќата да му доаѓаат во куќата бидејќи многу го нервирале. Мет додал дека Мајкл Џексон повеќе не можел да ги слуша наговарањата повторно да се придружи на составот „Џексон 5“. Така, во една прилика, под дејство на дрога, побарал од телохранителите да го застрелаат Ренди, бидејќи тој бил здодевен, а Мајкл не сакал да го види.