Поранешниот менаџер на Мајкл Џексон, Дитер Виснер составил попис на непријателите на пејачот. Пописот му го диктирал самиот пејач за да може да биде заштитен од своите блиски соработници. На пописот се наоѓало и името на поранешниот пријател на Мајкл, илузионистот Ури Гелер. Тие се скарале откако Гелер го запознал пејачот со Мартин Башир. Тој во 2002 година снимил контраверзен документарен филм за Џексон.
На пописот се нашол и Том Мотола, некогашниот директор на Универсал и Сони. На листата бил и окружниот обвинител Том Снедон, кој против пејачот покренал обвинение за злоставување на деца. Непријател му била и адвокатката Глорија Олред која барала истрага за сигурноста на неговите деца.