За време на обдукцијата, во телото на кралот на поп музиката пронајден е имплант кој им се вградува на зависниците од дрогата хероин и морфиум.Имплантот работи така што ги блокира рецепторите за уживање во мозокот, па користењето на дрога или лек единствено за уживање, станува бесмислено.
Имплантот во телото на Џексон е пронајден за време на обдукцијата, а за него се дознава дури сега, од документите што ги објавил судот. Семејството на Мајкл се противело на користењето докази за имплантот во случајот против Конрад Мареј, докторот кој е обвинет за невнимание кое довело до смрт на Мајкл.