Популарниот кореограф Вејд Робсон тврди дека кралот на попот Мајкл Џексон го злоставувал во детството и барал фондацијата на пејачот да му исплати оштета поради траумите. Робсон изјавил дека го запознал Мајкл кога имал пет години и дека подоцна неколку пати преспал на неговиот имот во Неверленд, пренеле британските медиуми.

Кореографот во 2005 година, кога пејачот бил обвинет за малтретирање на едно дете, бил еден од сведоците на неговото судење. Тој тогаш ги негирал тврдењата на куќната помошничка дека него и Џексон ги видела заедно под туш. Меѓутоа, сега го променил мислењето и тврдел дека фондацијата треба поради траумата да му исплати пари.