Целиот свет сеуште претпоставува каков бил животот на Мајкл Џексон зад затворени врати. Бидејќи тој не дозволувал да се дознае нешто за неговиот приватен живот, по светот се измислувале разни приказни, и за него се направила лоша слика во која тој бил претставен како човек кој ги злоставува децата. Меѓутоа по неговата смрт низ јавноста почнале да кружат фотографии од неговиот приватен албум, и дури сега станува јасно колку Мајкл бил нежен, грижлив,и всушност нормален татко на своите деца.
На неговиот приватен албум кој бил објавен по медиумите можеле да се забележат повеќе слики, а поголемиот дел од нив биле од петтиот роденден на неговото дете Принц. Тој се обидувал на децата да им даде нормален развој со детски забави, излети и слични работи. Извор близок на семејството изјавил дека овие фотографии ќе помогнат најблиските луѓе на Мајкл да го паметат како татко полн со љубов кој во потполност бил посветен на своите деца.