На неодамна одржаното сослушување на лекарот Мајкл Конрад во Лос Анџелес, обвинет за смртта на Мајкл Џексон, на површина испливале многу детали од животот на кралот на поп музиката, за кои до сега само се шпекулирало. Откриено било дека пејачот додека спиел обавезно носел хируршка капа и дека полека станал ќелав.
Тоа го потврдил и лекарот на брзата помош кој дошол на повикот во неговата куќа. На аутопсијата било конечно потврдено и дека Мајкл сепак болувал од витилиго, со што паднале во вода приказните за операција за промена на бојата на кожата. Пејачот морал секојдневно да користи големи количини кремови за белење на кожата, бидејќи тоа бил единствениот начин да ги прикрие флеките настанати со депигментацијата на кожата.