Египетска скулптура на жена, стара 3000 години, со бадемасти очи и мал нос премногу потсетува на починатиот крал на поп музиката. Скулптурата е изложена во музеј во Чикаго, САД. Направена е за време на новото кралство, во владеењето на Рамзес и Тутанкамон, помеѓу 1550 и 1050 година пред нашата ера.


Интересно е и тоа што Мајкл спотот за својата песна “Remember the time” го сместил во времето на владеењето на Рамзес. Претставничка од музејот рекла дека не знае дали Мајкл го посетил музејот, но и дека сличноста меѓу него и скулптурата е огромна. Скулптурата е изложена во 1988 година, непосредно пред Мајкл да започне да прави пластични операции.