Мајкл Даглас стравува дека неговиот син Камерон, кој се наоѓа во затвор, некој ќе го убие поради тоа што ФБИ открил од кого ја набавувал дрогата поради која бил затворен. Синот на актерот бил преместен во одделот во кој се наоѓале блиски соработници на неговиот добавувач.


Камерон пред седум месеци започнал да ја отслужува петгодишната казна за препродажба на кокаин и други опијати. Мајкл Даглас кој има рак на грлото се плаши дека неговиот син би можел да не ја дочека новата година.