Мајкл Даглас бил фотографиран како ужива во цигаре на палубата на својата јахта иако се знае дека само пред седум месеци успеал да го победи ракот на грлото. Актерот и неговата сопруга Кетрин Зита Џонс моментално се на крстарење по Медитеранот, а друштво им прават децата и пријателите.
Двајцата се познати како страстни пушачи, поради што Даглас на крајот добил и рак на грлото, со кој се борел изминатата година. Меѓутоа, изгледа дека не е претерано загрижен дека ракот може да се врати, бидејќи бил фотографиран на палубата од јахтата како пуши цигаре.