Камерон Даглас пред неколку дена бил осуден на пет години затвор поради поседување и препродажба на дрога. Неговиот татко Мајкл пред изрекувањето на пресудата го молел судот за милост.


Подоцна изјавил дека неговиот син не бил толку трезен од неговата 13-та година и додал дека затворот е идеална прилика за него да почне од почеток. Признал дека и тој сноси одредена одговорност за неговите неволји со законот.