Мајкл Даглас, според американските медиуми, е свесен на фактот дека ја губи битката со ракот на грлото и почнал да го планира својот погреб. Актерот наводно и планирал да ги обнови брачните завети со својата сопруга Кетрин Зета Џонс.
Тие двајцата секој ден се сакаат се повеќе и повеќе. Парот ќе има мала приватна церемонија и тоа е баш она што му треба на Мајкл за да добие дополнителна сила, енергија и среќа во овие тешки животни моменти. На церемонијата планираат да ги повикаат само најблиското семејство и пријатели, и дека таа ќе се одржи на крајот на годинава.