Портпаролот на холивудскиот актер, Ален Бјури објавил дека туморот во грлото не би требало да се шири и поради тоа сите се надеваат на целосно опоравување на Мајкл Даглас. Тој на некое време ќе ги избегнува забавите и црвените теписи бидејќи ќе мора да се посвети на здравиот живот, а лекарите исто така се надеваат на негово целосно опоравување.
За да го победи туморот актерот ќе оди на хемотерапија и зрачење во времетраење од осум седмици. Бјури не открил кога му бил откриен туморот, а ни кога и во која болница ќе оди на хемотерапија за да се избегне навалата на медиумите и да се осигура мирот на актерот.