Американските медиуми откриле дека актерскиот пар, Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс, не живеат заедно веќе половина година, но сепак не се исклучува можноста за нивно помирување. Еден од најскладните бракови пукнал поради тешкиот период. Имено, тогаш Мајкл се борел со ракот, додека Кетрин се борела со биполарното пореметување.

Иако неодамна заедно се појавиле на доделувањето на Оскарите, сите помислиле дека е крај на нивниот одвоен живот, но медиумите откриле дека тие всушност не живеат заедно и тоа уште од минаотото лето. Извор близок на парот изјавил дека Мајкл се преселил во куќа која ја изнајмил.