Кетрин Зета Џонс неодамна изјавила дека многу и недостига семејството во Велс и дека таму со Мајкл Даглас ќе ги обнови брачните завети. Изминативе години Мајкл се бореше со ракот на грлото, а неговата сопруга заврши во болница поради биполарно пореметување, па оваа година одлучиле да ги остават сите неволји зад себе и на Бермудите уште еднаш да се заветуваат на љубов.

Кетрин рекла дека многу и недостасува семејството, па оваа можност ќе ја искористи за дружење. Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс во брак се 12 години и имаат две деца, Дилан кој има 12 години и Карис.