Мајкл Даглас во својот прв јавен настап откако беше објавено дека има тумор на грлото, во шоуто на Дејвид Летерман, изјавил дека е уверен дека може да го победи ракот. Веќе започнал со хемотерапијата и зрачењето и верува дека нема да мора да оди на операција.
За ракот вели дека го добил бидејќи пиел и пушел. Мисли дека моментални шанси да се излекува му се 80 проценти. За сопругата Кетрин Зета Џонс рекол дека му дава огромна поддршка. На шоуто изјавил дека штотуку ја завршил првата седмица од напорниот третман.