Детската количка Џуси Коур е дизајнирана како посебна колекција на МекЛарен, престижниот британски производител на детска опрема. Смеѓите колички имаат продолжен кров над главата за да се заштитат децата од сонцето. Опремени се со посебни рачки, а имаат и механизам за кочење на задните тркала.
Дизајнерите ги нарекле „Кралски колички“. Нивната цена заедно со зимски навлаки за тркалата изнесува околу 500 евра. Тие се вистински хит во Холивуд. Ги користат Анџелина Џоли, Лив Тајлер, Џенифер Гарнер, Хајди Клум, Наоми Вотс и многу други мајки.