Според најновите резултати од истражување на Универзитетот Јута, во споредба со другите мајки, жените кои раѓаат близнаци живеат подолго.

Резултатите од истражувањето не значат дека близначката бременост е поздрава за жените, но значат дека здравите жени имаат поголема шанса да носат близнаци, истакнува професор Врен Р. Смит, автор на студијата и демограф.

„Преовладувачки став во општеството е дека товарот на одгледувањето на децата кога жената носи близнаци е голем, но всушност е сосема спротивно. Жените кои имаат близначка бременост, всушност живеат подолго и се поплодни“, објаснува Смит.

Утврдено е дека во споредба со мајките кои родиле едно дете, мајките на близнаците живеат подолго после менопаузата. Жените кои раѓаат близнаци имаат многу повеќе деца отколку што очекувале, токму поради раѓањето на близнаци. Мајките на близнаци имаат пократко време помеѓу породувањата.

Репродуктивниот живот – разлика помеѓу бројот на години на последниот пораѓај и бројот на години на првиот – бил поголем кај мајките на близнаците.

Мајките на близнаци исто така биле постари за време на последниот пораѓај.

извор:magazin.net.hr