Адвокатите кои ја застапувале Надја Сулеман, 33-годишната мајка која неодамна роди осумка, а има вкупно 14 деца, ја откажале соработката со својата клиентка откако добиле низа мејлови со смртоносни закани. Застапувањето на самохраната мајка бесплатно го презеле брачниот пар Џоан Килен И Мајк Фуртни, кои сега ја откажале соработката.
– Се надеваат дека јас ќе умрам, дека работата ќе ми пропадне и сакаат неа да и ја откорнат матката. Велат дека мене би требало да ме анестезираат и успијат како куче, изјавила Џоан Килен за ЛА Тајмс. Заканите стигнуваат веќе неколку дена, па Сулеман и адвокатите извесно време поминале на “сигурна локација“.
Откако добиле 55 000 мејлови воглавно со негативна содржина, сопружниците се исплашиле и пријавиле во полиција, па ја откажале соработката со една од моментално најомразените личности во САД.