Кетрин Џексон наводно паднала по скалите во својот дом во Калифорнија и завршила во болница. Повредите не биле сериозни, а се здобила со неколку модринки и гребнатинки. По смртта на нејзиниот син таа ја презела грижата за неговите три деца.


Велат дека со тоа презела голема одговорност, но не сакал некој друг да се грижи за нејзините внуци. Таа наводно го одржува целото семејство заедно. Доколку нешто и се случи, би дошло до вистинска војна меѓу членовите на семејството околу наследството.