Кетрин Џексон планира да сними филм за својот починат син. Таа веќе му предала неколку семејни снимки на режисерот Хауард Ман. Планираат да снимат цел серијал документарни филмови за животот на кралот на попот.
Најмногу ќе се задржат на неговото детство и музичките почетоци во семејниот бенд „Џексон 5“. Мајката на Мајкл има целосно старателство над неговите три деца. Мајката на неговите две најстари деца, Дебора Роу, добила право да ги посетува децата.