Кање Вест сепак дозволил породувањето на Ким КАрдашиан да биде снимено, но само со приватна камера која била во рацете на нејзината мајка Крис Џенер. Снимката нема да биде прикажана во реалното шоу “Keeping Up With The Kardashians”. Иако првобитно се противел на снимањето на породувањето, Кање на крајот попуштил и и дозволил на нејзината мајка да управува со камерата.

Екипата на шоуто “Keeping Up With The Kardashians” го снимил патот на старлетата до болницата, но тамо наишла на затворена врата. Извор близок на парот рекол дека се обиделе да влезат внатре, но кање им рекол да се губат и тие го послушале. За разлика од Ким, нејзината сестра Кортни дозволила снимките од раѓањето на нејзините деца Мејсон и Пенелопе да бидат прикажани во шоуто.