Една мајка од Сицилија на својот 61-годишен син му го укинала џепарлакот, му ги одземала клучевите од  куќата и го одвлекла во полициска станица, бесна затоа што тој секоја вечер излегувал во град и касно се враќал дома.

Лута поради несериозноста на синот, италијанската пензионерка го донела својот потомок во полициската станица во Калтаџирони за да„го убедат тој глупак“ убаво да се однесува, пишува весникот „Сицилија“.

Синот во своја одбрана рекол дека мајка му не му дава доволно џепарлак и дека лошо готви.

„Син ми не ме почитува доволно, не ми кажува каде оди навечер и касно се враќа дома.Никогаш не е задоволен од јадењето што го готвам и секогаш се жали. Вака повеќе не може“-рекла мајката.

Полицајците им помогнале на мајката и синот да се помират и тие двајцата се вратиле дома заедносо решено прашање за клучот од куќата и за џепарлакот.

beta