Лондонски таксист бил шокиран кога сватил дека на задното седиште вози едногодишно девојче кое го заборавила мајката. За нештото да биде уште полошо, таксистот Ертан Расит девојчето го возел низ Лондон 15 минути, а дека некој има на задното седиште дознал од следниот патник кој влегол во автомобилот. Потоа се сетил дека девојчето и нејзината мајка ги собрал во Ковент Гарден каде биле во шопинг. За жал, мајката од таксито ги зела само торбите, а девојчето го заборавила.

За среќа, бебето очигледно сакало да се вози, бидејќи не плачело, а очигледно не и недостасувала и нејзината мајка. Од друга страна, додека таксистот стигнал до Шоредич, каде ја оставил, мајката веќе имала повикано полиција и со уште 30 други лица хистерично ја барала ќеркичката.  Таксистот раскажал дека кога излегол со девојчето од таксито, луѓето почнале да му аплаудираат. Било како на филм. Додал дека луѓето во автомобилот знаат да заборават лаптопи или некои предмети, но сеуште никој не го оставил своето дете. Мајката подоцна раскажала малку поинаква приказна. Тврди дека не го заборавила девојчето, туку само прво од автомобилот ги изнела торбите, а кога се свртела да го земе детето, таксито веќе заминало.