Една млада мајка била фатена од сообраќајната патрола на автопатот додека возела со огромна брзина. Полицијата била сигурна дека лови некој престапник или пијаница, бидејќи возачот на местото каде било ограничено возење од 100 км на час возел двојно побрзо.
Кога полицијата пристигнала и го сопрела возилото зад воланот затекла млада жена, а на задното седиште плачело едногодишно бебе. Мајката која била казнета со 110 евра за сообраќаен прекршок објаснила дека брзала за да го заспие детето.