Една жена која сакала да посвои дете наишла на неверојатна понуда, да купи бебе за само 4000 долари. Меѓутоа, таа се откажала од договорот и ја пријавила мајката на властите. Така полицијата во Далас ја привела жената која преку оглас за своето четиримесечно бебе барала само 4000 долари. Дека детето патело, се покажало кога сопственикот на станот отишол да наплати станарина, а момчето по име Ејден само и без нечија контрола играло во детскиот кревет.
Мајката била уапсена и била обвинета за напуштање на детето, а за момчето моментално се грижела американската служба за заштита на децата. Жената која случајот го пријавила во полицијата рекла дека е сигурна како мајката за својот син барала подобар дом. Барала некој кој подобро би се грижел за малото момче. Според неа, мајката била искрена и не би го дала детето било кому.