Минка одамна престанала да се надева дека некогаш ќе ја види својата ќерка Бети Џејн, која ја родила кога имала само 16 години. Тогаш била силована, а малата Бети морала да ја даде на посвојување. Се што имала од неа била само една црно-бела фотографија.

Но, многу години подоцна зазвонил телефонот во нејзиниот дом во Калифорнија. Неколку дена подоцна се случило она за што отсекогаш сонувала, односно ја запознала својата ќерка, Рут Ли која имала 77 години. Тогаш дознала и дека има шест внуци за кои не знаела дека постојат. Минка сега имала 100 години и го запознала целото семејство на својата ќерка.