Случајот во полицијата го пријавил сосед кој забележал дека се шири непријатна миризба од станот на Анка А.(1940). Во присуство на членови од куќниот совет, полициски службеници насилно ја отвориле влезната врата и ги забележале безживотните тела на Анка и нејзината ќерка Снежана Ч.(1966).
Увид на лице место извршиле дежурен истражен судија, јавен обвинител и екипа на крим техника. Телата на починатите се предадени на Институтот за судска медицина и криминалистика за обдукција, а полицијата работи на расветлување на случајот.