Ејми и Кимберли Меколи во изминативе 20 години освоиле дури три главни награди во игрите на среќа. Кимберли Меколи која живее во Шарлот, овој месец во новата наградна игра со грепки “10 X Money” освоила џек пот од 100 илјади долари. Таа изјавила дека е пресреќна поради наградата и дека претходно во игрите на среќа во семејството добивала само нејзината мајка.


Сепак, изгледа дека Кимберли од својата мајка ја наледила среќата во наградните игри. Ејми Меколи во 1991 година ја освоила главната награда во износ од 15,5 милиони долари во Њујоршкото лото. После тоа освоила повеќе од 160 илјади долари во наградната игра “Carolina Cash 5” во 2007 година. И тоа не било се, бидејќи Ејми во 2009 година освоила и две награди од по 1000 долари во играта “$130 Million Blockbuster”.