Синди Крафорд и прошета сите светски модни писти, а и денес е еднакво барана, а има и своја наследничка која сигурно ќе запише некои нови модни моменти во светот на модата и убавината. Се разбира, станува збор за нејзината 13-годишна ќерка. Младата Каиа очигледно ги наследила добрите гени, а гордата мајка подели фотографија со своите пријатели на Инстаграм.

 

За Синди, која има 49 години и нејзината 13-годишна ќерка на прв поглед лесно би можеле да помислиме дека се сестри, а речиси постојано својата миленичка ја советува на модниот сет со своето огромно богато искуство. Очигледно дека во иднина ќе слушаме многу за младата Крафорд наследничка.