Едно десетгодишно момче било присилено од својата мајка да носи натпис на кој пишувало да не му веруваат, бидејќи може да украде од луѓето бидејќи е крадец. Момчето со подигната глава седело во паркот покрај ресторан во кој ручале членовите од неговото семејство во австралискиот град Тонсвил.


Мајката била осудена за грубост према детето. Децата на негова возраст кои минувале низ паркот му се смееле, а повозрасните луѓе ја осудиле мајката бидејќи го понижила својот син. Мајката се бранела велејќи дека се обидела со сите методи да да го одвикне синот од крадење, но ништо не успеало. Последниве три години момчето многу крадело, а таа се надевала дека на овој начин ќе го одвикне од лошата навика.