Италијанските карабињери го уапсија Мајкл Бидоњети – шеф на мафија, попозната како „Комора“. Тој бил приведен на еден негов посед каде полицијата запленила три милиони евра.
Уапсениот улогата шеф на мафијата ја добил од својот брат кој е во затвор и служи доживотна казна поради организиран криминал. Мајкл бил предаден на полицијата од својата мајка. Таа е сега главен сведок во процесот кој се води против него.