Поранешниот американски боксер Мајк Тајсон повторно добил прилика да ги покаже своите актерски способности. Според некои медиуми, поранешниот светски боксерски шампион ќе се појави во 14 сезона од популарната крими серија „Закон и ред“, во која ќе глуми убиец осуден на смрт.
Ова не била прва улога за популарниот боксер со тетовирано лице. Тајсон веќе имал некои споредни улоги во филмовите „Мамурлук“ и „Страшен филм 5“.