Поранешниот боксерски шампион Мајк Тајсон станал вистински херој откако му помогнал на возач на мотор кој учествувал во сообраќајна несреќа на автопат. Според полицискиот извештај, моторџијата бил срушен од такси возач, а боксерот за време на инцидентот се наоѓал веднаш зад него.
Тајсон веднаш интервенирал и го блокирал сообраќајот, по што побрзал да му помогне на повредениот возач, со кој ја дочекал брзата помош. Боксерот не се огласувал официјално после херојското дело, туку на Твитер копирал порака од еден новинар која гласела: „Секоја чест на Мајк Тајсон, тоа е човек кој може гадно да ве повреди, но и да ви помогне“.