Боксерот Мајк Тајсон следниот месец ќе настапува во театар во Лас Вегас. Поранешниот светски шампион во тешка категорија се враќа во светот на шоу бизнисот со монодрама која ќе ја игра од 13 до 28 април. Претставата ќе носи име „Мајк Тајсон: неоспорена вистина, во живо на сцената“.

Тајсон, кој сценариото го напишал заедно со сопругата Кики и холивудскиот режисер Ренди Џонсон, рекол дека тој е човекот кој ги нокаутирал своите противници за 30 секунди и додал дека сакал да ја раскаже својата приказна како сите би го сватиле што подобро.