Некогашниот боксерски шампион Мајк Тајсон ќе игра детектив кој за свој верен придружник има гулаб, во една нова анимирана серија, соопштила американската кабелска мрежа „Адалт свим“. Тајсон, кој моментално се на наоѓа на турнеја на која го промовира свето автобиографско сценско шоу “MikeTyson: Undisputed Truth“, ќе го позајми гласот на детективот во анимиранта серија „Мистериите на Мајк Тајсон“.

Во решавањето на случаите во серијата ќе му помага магичната теоважа на лицето и гулаб како партнер. Тајсон во приватниот живот исто така поседува гулаби. Кабелската мрежа која е позната по своите програми за млади, не соопштила кога ќе биде одржана премиерата на серијата.