Дали можете да поверувате дека некои луѓе ќе одвојат 400 илјади долари за маица со кратки ракави? Токму толку чинела маицата „Супериорен луксуз“ направена од органски памук и украсена со дијаманти. Во цената, се разбира, не бил вклучен само органскиот памук, туку и украсите од бели и црни дијаманти чија вредност надминувала десет карати.
Маицата била произведена во процес кој го намалува загадувањето на воздухот за цели 90 проценти. Овој еколошки производ не бил само пријател на околината, туку и одговарал на сите типови кожа.