Еден Индус дал 250 илјади долари за маица направена од три килограми злато. Купувач на маицата, една од најскапите на светот, е Дата Пуге и е познат како „златен човек3. Неговите прсти, врат и раце се украсени со златни прстени, нараквици и медалјон, така да златната маица е важен додаток на неговиот стил. Рекол дека носењето злато е негов сон. Некои сакале скапи автомобили и слично, но тој сакал злато. Се разбира, имал и автомобили, вкупно пет, а златната маица ја носел само за специјални настани со спротивни реакции, некои биле импресионирани, а некои сметале дека претерува.

Златарот кој ја направил маицата рекол дека предизвик било да биде што покомотна. Инспирација за неа биле златните оклопи кои ги носеле древните индиски кралеви. За да не го гребе, маицата имала постава од сомот. Рекол дека се чувствува добро додека ја носи бидејќи претставувала доказ за неговиот статус и достигнувања во животот. Потекнувал од сиромашно семејство, но се збогатил продавајќи недвижности идавајќи заеми. Следни на листата златни предмети се мобилен телефон и чевли.