По маицата која се претвара во гитара, на ред дошла и маица која функционира како далечински управувач. Поаѓајќи од идејата дека облеката на иднината ќе биде како технички производи, една дизајнерка од Пенсилванија смислила маица која може да служи и како универзален далечински управувач.
Доволно е да ја облечете, и со помош на копчињата кои се наоѓаат на неа да ја регулирате јачината на звукот, да менувате канали, да го вклучувате и исклучувате телевизорот. Засега прототипот , дизајниран исклучиво за жени, располага само со овие најосновни команди. Најголем проблем претставува перењето на маицата, бидејќи на неа се наоѓаат голем број електронски елементи.