Магнетна бура провоцирана од исфрлањето плазма од Сонцето пред три дена, почна на Земјата, покажуваат податоците објавени на интернет страницата на Центарот за космички временски прилики на американската метеоролошка служба НОАА, пренесува „Макфакс“.

Во моментов индексот „Кп“ кој ја карактеризира геомагнетната активност веќе ја достигна вредноста 6. На оваа скала, постојат 10 нивоа, означените со вредноста од 0 до 3 одговараат на ткн. тивка магнетосфера, вредноста 4 е „возбудена“ и со вредностите (нивоата) од 5 до 9 се означуваат магнетни бури од петта класа.
 
„На Сонцето пред околу три дена имаше две мали коронални дупки – области со зголемена брзина на соларниот ветар и отворено магнетно поле. Покрај тоа, имаше и емисија на сончева плазма. Токму таа “долета“  сега до магнетосферата на Земјата“, изјави за РИА Новости, шефот на рускиот Центар за космичка временска прогноза при Институтот за терестријален магнетизам, јоносфера и ширење на радиобрановите (ИЗМИРАН), Сергеј Гајдаш.

Според него, магнетна бура со индекс Кп = 6 може да се опише како бура со умерена сила. Позначајни пречки во магнетосферата во блиска иднина не се очекуваат, но на 3-ти март може да произлезе и посилна бура.

Од 2000 г., на Земјата се регистрирани 12 магнетни бури на повисоко петто ниво, коишто доведоа до пречки во енергостистемите, исклучувања на радио-врските и појава на поларната светлина – Аурора, забележани до Екваторот. Последната бура од петто ниво се случи на 11-ти септември 2005 г. Во последниве години, Сонцето беше во фаза на рекордно долго време на минимум активност и сончевата активност сега полека расте.

OhridNews

извор:„Макфакс
фото: NASA