Магнетна бура започна на Земјата, со индекс на геомагнетни нарушувања Kp кој достигна вредност од 6, извести денеска рускиот Институт за применета геофизика, пренесува „Макфакс“. Индексот Kp индекс се мери од страна на мрежата на магнетни станици, вредноста , коешто е најниското ниво, се смета за бура.

Причината за оваа магнетна бура е излачувањето на соларни плазма – облак од наелектризирани честички коишто „удираат“ во магнетосферата и предизвикува нарушувања.

Според информациите на центарот за космичка временска прогноза при американската Национална управа за океански и атмосферски истражувања (NOAA), во високите простори на бурата може да се забележат проблеми со електричната опрема на висок напон, како и во радиоврските. Поларната светлина, ќе може да се види и од Њујорк.

OhridNews
извор:„Макфакс“