Во воздухот што го дишат граѓаните на Охрид, утрово се измерени значително зголемени количино на штетните ПМ 10 честички. Според резултатите од мерната станица на Министерството за животна средина, единствена релевантна во државата, утрово во 10 часот загадувањето со ПМ 10 честички во воздухот во Охрид изнесувало 113,083 микрограми на метар кубен, што е повеќе од два пати над дозволеното ниво од 50 микрограми на метар кубен.

Состојбата со загадувањето утрово во 10 часот во Охрид.

Состојбата во раните утрински часови, пак била уште полоша кога во Охрид е измерени присуство на ПМ 10 честички од 160 микрограми на метар кубен. Најголемо загадување утрово е регистрирано во Струмица – 182 м3 и Битола – 178 м3.

Причина за зголеменото загадување се атмосферските процеси, пред се маглата и греењето. Потврда на тоа е фактот што во Охрид нема перманентно надмининување на дозволената граница на ПМ 10 честички во воздухот, туку има само часовни надминувања, најмногу во утринските и вечерните часови, кога се распалуват печките на дрва и слични енергенси кои се уште се користат во голем број. Токму тоа се смета за најголем извор на загадување на воздухот во Охрид, на што со години укажува експертската јавност. Дополнителен фактор е урбанизацијата и сообраќајот кој значитено е зголемен.

Г.М.