Сообраќајот на патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Магла со видливост до 50 до 100 метри има во Крушево, Маврово, крак Маврово-Стража и на Плетвар.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат и АМСМ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Од ЈП Македонијапат посочуваат дека нивни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

OhridNews